X
 01.07.2019 Живот

Во Германија измерен нов рекорд од 38,9 степени во јуни

Во Германија е измерен нов рекорд за месец јуни откако во Бад Кројцнах, во централниот дел на земјата, живата во термометарот достигна 38,9 Целзиусови степени.

Само пред неколку дена во Кошен, во близина на границата со Полска, беа измерени 38,6 Целзиусови степени, со што е урнат 72-годишниот рекорд за месец јуни.

Германската метеоролошка служба соопшти дека вчера во Бад Кројцнах имало најмалку 38,9 степени.

Подоцна се појави информацијата дека живата се искачила на 39,3 Целзиусови степени, но од метеоролошка служба рекоа дека тоа не е потврдено.

Претходниот температурен рекорд, 38,5 степени, во Германија беше измерен во јуни 1947 година во југозападниот дел на земјата.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот