X
 01.12.2023 Економија

Нов аеродромски терминал во Саудиска Арабија ќе изгледа сосема поинаку од сите други

Саудиска Арабија ги цени својата историја и природа, што се покажува и преку последниот проект одбран за изградба на нов терминал на аеродромот „Абха“.

Проектот на студиото „Фостер енд партнерс“ победи на натпреварот за дизајн на новиот терминал. Победничкиот дизајн се базира на селото Риџал Алма во близина, кое претставува светско наследство на УНЕСКО.

Терминалот нема да има централна структура како другите аеродроми, туку ќе претставува група од повеќе секции, дворови и премини кои ќе понудат сосема нов изглед на аеродромот. Градбите ќе бидат изградени од цигли и ќе овозможуваат природна вентилација.

Во изградбата ќе се користат локални материјали, а проектот треба да ја слави убавината на регионот.



Извор: Luxury launches
Насловна фотографија: Foster + Partners 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија