X
 02.02.2020 Образование

Откриени училишни табли со цртежи од 1917 година во САД

Може да се каже дека средното училиште „Емерсон Норт“ е временска машина. Во 2015 и 2016 година градежните екипи се упатиле кон училиштето за да го реконструираат. Но, она што го откриле биле неверојатно - цртежи на училишните табли останати од 20 век.

Таблите придонесуваат кон веќе богатата историја на училиштето, основано во 1911 година.

1

2

Работниците нашле цртеж од старо тркало за множење, како и лекции по музичко и по граѓанско право. Сите од годината кога била објавена првата џез-плоча. Исто така, градежните работници пронашле правила за одржување на хигиената и список со вокабулар. Работниците нашле и детален приказ на индиската територија на Оклахома, повеќе реченици напишани во курзив и разни форми.

3

4

- Овие табли имаат големо значење за училиштето, кое веројатно наставниците и учениците од 1917 година воопшто не го сфатиле. Тие го издржаа тестот на времето и сега го претставуваат училиштето на начин на кој никој не би можел да замисли - изјави сегашниот директор на училиштето, Џек Л. Рид.

5

6

8
Фотографии: okcps.org
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование