X
 02.04.2024 Технологија

„Мајкрософт“ ги одвојува „Тимс“ и „Офис“

„Мајкрософт“ објави дека ја одвојува апликацијата „Тимс“ за деловна комуникација и видеоповици од својот софтвер „Офис“ на глобално ниво.

„Мајкрософт“ ги раздели своите два производи во Европа минатата година бидејќи му се закануваа казни од регулаторите. „Тимс“ беше додаден на „Офис“ во 2017 година, но Европската комисија почнала да го истражува овој потег откако комуникациската платформа „Слак“ поднела жалба во 2020 година.

Портпаролот на „Мајкрософт“ изјавил за Би-би-си дека новиот потег ќе обезбеди јасност за клиентите и дека претставува одговор на повратните информации од Европската комисија, нудејќи им на мултинационалните компании поголема флексибилност кога сакаат да го стандардизираат купувањето низ географските области.

Од „Мајкрософт“, исто така, откриле дека „Тимс стендалоун“ ќе чини 5,25 долари за новите клиенти.

Сè уште не е јасно дали одлуката за одвојување на „Тимс“ и „Офис“ ќе биде доволна за да се избегнат антимонополските обвиненија од Европската Унија.

Во текот на изминатата деценија „Мајкрософт“ доби 2,2 милијарди евра казни за поврзување или спојување на два или повеќе производи. Компанијата била прогласена за виновна за кршење на антимонополските прописи и се соочува со парична казна од 10 отсто од глобалниот годишен промет.

Во 1998 година американското министерство за правда го тужеше „Мајкрософт“ за користење на доминацијата на платформата „Виндоус“, за да ја задуши конкуренцијата од ривалските веб-прелистувачи. Оттогаш компанијата ја олабави контролата врз тоа што производителите на софтвер би можеле да инсталираат на нивните производи, што резултира со пораст на популарноста на конкурентните интернет-прелистувачи.

Откако „Тимс“ бил одвоен од „Мајкрософ 365“ и „Офис сутс“ во Европа минатиот октомври, платформата забележала мала промена во својата корисничка база.

„Ројтерс“ наведува дека мобилната апликација на „Мајкрософт“ - „Тимс“ го задржала истото ниво на месечни активни корисници во првите три месеци од 2024 година во споредба со претходниот квартал.

Извор: Klix.ba

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија