X
 20.03.2018 Технологија

Проверете кои „Фејсбук“ апликации имаат пристап до вашите информации

По новиот скандал со „Фејсбук“, на корисниците им се препорачува да си ги проверат апликациите кои имаат пристап до податоците на „Фејсбук“ и кои можат да објавуваат содржина на нивниот профил.


Фото: N1 Info

Неодамнешниот случај во кој аналитичките и огласувачките компании дошле до податоците за повеќе од 50 милиони корисници на „Фејсбук“ на основа на кои можеле да предвидат и да влијаат на наклонетоста на избирачите на изборите, односно да им пласираат огласи користејќи податоци кои не смееле да ги имаат, уште еднаш покажува колкави неолекувани опасности демнат на оваа социјална мрежа.

Тие податоци корисниците всушност самите ги дале, но не директно на компаниите кои ги искористиле, туку на апликацијата на еден професор по психологија, кој на основа на тие податоци требало да изработи лични профили на тие луѓе, но тој ги проследил на други компании, со што ги прекршил правилата на „Фејсбук“.

Корисниците, секако, воопшто не знаеле кои и зошто ги користи нивните податоци, а со текот на годините повеќе од две милијарди корисници на „Фејсбук“ на бројни апликации им дозволиле пристап до нивните податоци. Дел од тие апликации можеби веќе не се користат, но корисниците веројатно заборавиле на сите тие апликации со кои пристапувале преку користење на профилот на „Фејсбук“ и на кои им дале разни овластувања.

Иако „Фејсбук“ не дозволува споделување на тие податоци, во пракса излезе поинаку, така што, поучени од искуството со апликацијата за тест на личноста, не можете точно да знаете кој се ги има вашите податоци и што прави со нив. По овој инцидент, во „Фејсбук“ сигурно ќе почнат длабинско истражување на проблемите, а додека чекаме Закерберг да се огласи, би било пожелно да провериме на кои се апликации сме им дале пристап до нашите податоци.

За проверка на апликациите треба да одите во Поставки, па потоа да одите на Апликации. Таму ќе ви се појави на кои се апликации сте им дозволиле да имаат пристап до вашите податоци и да ги средите подесувањата поврзани со игри, сајтови, додатоци и апликации и начинот на кој ги користите.

Убаво би било секоја апликација да ја отворите одделно и да видите што се сте дозволиле и најверојатно ќе се изненадите кога ќе видите дека тие апликации можат, на пример, да објавуваат содржина на вашиот профил.

Иако многу од тие апликации со години ги имаат овие дозволи и веројатно сте заборавиле на нив, сега е вистински момент за проомена на подесувањата, осносно бришење на некои од оние апликации кои веќе не ги користите.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија