X
 02.04.2024 Образование

Од почеток до крај на една учебна година губиме стотици ученици

На почетокот на учебната 2016/2017 година во Македонија биле регистрирани 76.394 средношколци, но на крајот на истата година сме имале 72.482 ученици во средните школи во земјава. Разликата е 3.912 ученици и е најголемото намалување на бројот на средношколци во текот на една учебна година во последните десет за кои има податоци на страницата на Државниот завод за статистика.

Втората најлоша година, според податоците, е учебната 2015/2016 година, кога разликата е 2.670 ученици, а во сите други, освен две учебни години, разликата во бројот на средношколци на почетокот и на крајот на учебната година е поголема од 1.300.

Најмалата разлика во бројот била регистрирана во 2017/2018 година, кога на почетокот на годината во училишните клупи седнале 71.458 средношколци, а годината ја завршиле 70.861, што значи дека 597 или не ја завршиле годината или се иселиле. Втората најдобра учебна година, со разлика од 635 ученици, е 2020/2021.




Податоците на ДЗС покажуваат сличен тренд и кај основците. Таму најголемата разлика на број на ученици од почеток до крај на една учебна година може да се забележи во учебната 2017/2018, кога од 192.448 бројот на основци до крајот на учебната година се намалил на 188.517, што е разлика од 3.931 дете. Слична бројка може да се забележи и во учебната 2014/2015, кога разликата меѓу бројот на основци на почетокот и на крајот на учебната година изнесува 3.804 деца.

Само во учебните 2013/2014 и 2015/2016 бројот на намалување е троцифрен, а во сите други е над 1.200 ученици.



Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование