X
 03.01.2017 Култура

Тајните на древните гробници што го промениле светот

Мрачните гробници кријат многу повеќе од човечки остатоци – тие подземни места чуваат и бројни тајни. Од уметнички ремек-дела и реликвии, до докази за болести – сето тоа е пронајдено во гробниците ширум светот, а тие таинствени артефакти ги измачуваат археолозите со увидот што го даваат во светот на покојникот. Треба само да се претпостави уште колку загатки лежат во телата на неоткриените гробници.

1. Мумија со карцином

Во 1995 година, археолозите од една гробница ископале мумија од 18 век што ги револуционализирала нашите знаења за карциномот. Природно сочуваните човечки остатоци се откриени во запечатена крипта во една доминиканска црква. Таму се пронајдени околу 260 мумифицирани остатоци, а екипа од израелски научници ги тестирала труповите. 

Нивна цел била да истражат дали ракот генетски се пренесува. Кај една мумија откриле мутација на генот APC, за кој е познато дека го зголемува ризикот од настанување рак на дебелото црево. Тоа што произлегло од откритието упатува на тоа дека предиспозицијата постоела и пред болеста да стане глобална здравствена закана.

Денес ракот на дебелото црево е трет најчест облик на карцином што ги погодува луѓето. Докторите ја сметаат за болест на модерното време, бидејќи е резултат на недостаток од движење, преработена храна и очекуван подолг животен век. Присуството на мутираните гени кај другите мумии значи дека генетската предиспозиција е поважна од стилот на животот и од човековата средина.   

гробница

2. Тајната од гробницата на Медичи

Во 2004 година, археолози откриле тајна гробница што им припаѓала на моќната италијанска фамилија, Медичи. За време на раните истражувања на гробницата, стручњаците ги вчудовидело сознанието дека гробот на последниот Медичи, големиот војвода Џани Гастон, бил празен. Во обид да се пронајде исчезнатото тело, откриле тајна комора зад главниот олтар на фирентинската црква Сан Лоренцо.

Истражувачите ја подигнале камената плоча под која се криел таен пат до скриена гробница.

Во тајна комора се наоѓал еден голем ковчег за возрасен човек каде што се наоѓал Гастон, но и осум помали ковчези за деца. Сите детски коски откривале знаци на рахитис, што најверојатно бил предизвикан од недостаток од витаминот Д. Научниците не можеле да ги идентификуваат детските тела, а се претпоставува дека барем некои од нив биле вонбрачни деца.   

3. Крипта на антички астронаут

Тим од истражувачи, во 1948 година открил таен премин до гробницата на Пакала II, владетелот на Маите од Паленке. Потребни им биле четири години да ја ископаат земјата и да влезат во тајната комора.

Остатоците од владетелот биле пронајдни под маска од жад со бисери, а телото го опкружувале скулптури и разни резбарии што го претставувале верувањето на Маите во задгробен живот.

Пакал II наводно умрел во доба од 80 години, но тоа што било необично е што проценетата старост на пронајденото тело била четириесеттина години. Згора на тоа, резбариите на капакот од гробот ги увериле некои дека Пакал II можеби воопшто не бил човек. Резбариите станале познати откако Ерих фон Дерикенво својот контроверзен бестселер од 1968 година, „Самракот на боговите“, претпостави дека ако се заврти настрана, сликата го прикажува Пакал II на вселенски брод како управува со него со педали, вдишувајќи воздух преку некаков апарат.

Интересно е што истражувачите околу работ на капакот пронашле лента со космички ознаки што ги вклучуваат Сонцето, Месечината, ѕвездите и центарот, што стручњаците за цивилизацијата на Маите го нарекуваат „дрвото на светот“. Дали е возможно тие ознаки да се поврзани со капакот од саркофагот и приказот на Пакал во вселенски брод? Теоретичарите за древните вонземјани тврдат дека тоа е и повеќе од доволен доказ. 

4. Скриеното ремек-дело на Прага

Историчарите на уметноста неодамна открија досега невиден споменик длабоко во внатрешноста од гробницата Лорето во Прага, веднаш под црквата „Раѓањето на нашиот Господ Бог“. Ѕидовите од гробницата се прекриени со нејасни прикази на смрт и воскресение, кои датираат од 1664 година и се неверојатен пример за „Арс мореинди“ во кои се користела само црна и сива боја во софистициран систем на сенчење.

Сликите се откриени во 2011 година, кога гробницата била отворена првпат по неколку децении. Голем број од трудовите се инспирирани од холандската уметност, вклучувајќи и копии од Рембрант. Идентитетот на уметникот и натаму останува мистерија, а некои претпоставуваат дека можеби се работи за „Космас“од Австрија или пак виенскиот сликар, Тобиас Пок, затоа што и двајцата работеле со калугерките од редот капуцини. Исто така не е познато дали мотивите ги одбирал уметникот или пак сопственикот на гробницата, грофицата Елизабета Аполонија од Коловрат. 

5. Погребани срца

Археолозите во 2015 година ископале пет срца стари 400 години од гробницата под Јакобинскиот манастир во францускиот град Рен. Балсамираните органи се закопани во оловни урни исто така во облик на срце, на кои се исцртани детали за сопствениците. Потекнуваат од 16 и 17 век, а откриени се при инспекција за пренамена на манастирот во конференциски центар.

Научниците ги исчистиле од материјалот за балсамирање за да ги подложат на анализа со магнетна резонанца и компјутерска томографија, со цел да направат увид во нивната циркулација. Едно од срцата не покажувало знаци на никаква болест, додека кај другите три биле откриени бројни анималии и знаци на артериосклероза. Освен тоа, истражувачите пронашле и срце на витез во гробот на Луис де Куенго, кое припаѓало на нејзиниот сопруг,Тусент Периен. Практиката на погребување со срцето од сопружникот била вообичаена во тој период.  
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура