X
 03.03.2018 Наука

Нова надеж во борбата против ракот и автоимуните болести

Слично како што лекарите користат модифицирани Т-клетки од имунолошкиот систем на пациентите за да се борат со ракот, така и биотехнолошкиот стартап Rubius Therapeutics сака да развие терапија за таргетирана болест користејќи црвени крвни зрнца. Извршниот директор на компанијата, Торбен Стрејт Нисен, верува дека нивниот третман во основа е „суперкрв“ бидејќи е направен со црвени крвни зрнца, а не со хемикалии или вештачки материјали.



Компанијата планира да ги соедини црвените крвни зрнца со терапевтски протеин кој може да биде изработен по мерка за да лекува одредена состојба. Потоа тие ќе се инфузираат во телото за да почнат да го лекуваат пациентот. На крај, оваа суперкрв ќе претставува само помалку од еден процент од вкупното количество на крв во телото на пациентот.

За почеток, компанијата сака да развие терапии со суперкрв кои ќе ги заменуваат ензимите што недостигаат кај пациентите со ретки болести, како и да ги третираат ракот и автоимуните болести, како лупус и дијабетес тип 1. За разлика од терапијата со Т-клетки, терапиите со црвени крвни зрнца не треба да бидат персонализирани. Од компанијата тврдат дека би им бил потребен само еден универзален донатор (лице од крвна група нулта негатив) за да генерира доволно терапевтски дози за лекување стотици различни пациенти.

Компанијата е на пат да ги исполни своите цели откако неодамна успеа да добие сто милиони долари, што следува по добивањето 120 милиони долари од инвеститори во јуни минатата година.

- Додавањето на овие финансии дополнително ја зајакнува нашата фондација и ни овозможува да го забрзаме развојот на нашиот прв бран терапевтски производи со црвени крвни зрнца кои го таргетираат третманот на недостигот од ензими, рак и автоимуна болест. Собравме екстремно талентиран тим од инвеститори, раководство и советници, кои имаат долгорочна визија за приближување на терапиите со клетки до пациентите - вели Нисен.

Сепак, можеби ќе треба да помине одредено време пред терапиите на Rubius да станат достапни бидејќи тие моментално не се нешто повеќе од концепт. Прво овие терапии мора да се развијат, а потоа да поминат низ серија клинички испитувања за да се утврди нивната ефикасност. Ако сè се одвива добро, суперкрвта би можела наскоро да биде одобрена и од американската Администрација за храна и лекови, исто како што беше одобрена терапијата со Т-клетки минатата година.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука