X
 03.03.2020 Живот

Сопругот нѐ напушти. Секој ден мислам што ли не направив за да го зачувам и дали сум јас виновна?

Мајка сум на 6-месечно бебе и, за жал, таткото реши да нè напушти и да замине во странство да работи. Човекот никако не се пронајде во улогата на родител, ниту во тоа што значи семејство и одговорност. Јас бев сама во текот на бременоста, тоа беше прво негово одење во странство и договорот беше дека потоа нема заминување. Откако се врати, се роди ќерката, тој цело време беше со мисла како да замине, не бараше никаква работа тука и чекаше да дојде момент да каже си одам. Иако го знаеше мојот став за тоа, сепак стигна до тоа да нè напушти. Јас кажав дека не сакам да останам во таков брак, на детето му треба љубов тука, а не оддалеку, а исто и мене, и сега сме кај адвокат за развод, иако и за тоа не изгледа дека е нешто потресен. Едноставно нема емоции и соодветна реакција на ништо. Со изговор дека оди поради парите, иако можеше тука да најде работа или какво било решение, ама фамилијата да биде заедно, тој си го одбира најлесното и тоа што само нему му одговара. Заминува за една недела и тоа на неопределено време (може година-две, никој не знае колку), а јас останувам сама со бебето.

Ова е дел од прашањето на читателка, упатено до психолозите и психотерапевтите, соработници на Деца.мк.

Прашањето и одговорот на Радмила Живановиќ прочитајте ги на овој ЛИНК.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот