X
 03.03.2023 Живот

Село кое наплаќа влез и во кое нема сообраќај: Во него живеат само 400 жители

Необично село на карпа нуди фантастичен поглед на Бристолскиот канал. Во Кловели речиси нема врева. Единственото нешто што може да се слушне е звукот на брановите.

Во ова село нема сообраќај. Сето она што треба да се транспортира се транспортира со помош на магариња и запрега.


Селото се наоѓа во округот Девон, во Југозападна Британија, веднаш до границата со Корнвол.

И не би било чудно ако Кловели не е село со приватна сопственост во кое посетителите треба да платат влезница. Парите од влезната такса се користат за одржување на автентичноста на селото, кое се карактеризира со улици со калдрма и совршено сочувани градби. Во првите децении на 18 век селото ѝ припаѓало на Матилда од Фландрија, кралицата на Англија, која го купила во 1738 година. Потоа семејството Хамлин го купило од неа, а членовите на тоа семејство сѐ уште имаат викендица која активно ја користат.

Еден потомок на ова семејство, по име Џон Роус, е задолжен за управување со Кловели. Тој не се грижи само за зачувување на неговата автентичност, туку и за редовно одржување.

Она што го прави ова прилично необично британско село уште поубаво е пејзажот во кој се наоѓа. Опкружен е со шума, а куќите во него се автентични. Затоа и не е чудно што мал број локални жители често се фалат со фактот дека ги посетувал и Чарлс Дикенс.


Покрај можноста за шетање по улиците на Кловели, посетителите во текот на летото можат да присуствуваат и на фестивал посветен на морето. Исто така, во селото се наоѓа и рибарска колиба, еден вид музеј кој нуди увид во историјата на ова некогашно рибарско село.


Во Кловели има и автентични занаетчиски работилници, каде што посетителите можат подобро да го запознаат локалното население, кое успеало да го зачува своето богато минато приспособувајќи се на модерното време.

Извор: b92.net
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот