X
 03.04.2024 Образование

Ова се најголемите универзитети во светот

Веб-страницата „Инсајдер манки“ направи листа со најголемите универзитети во светот. За да ја направи листата, „Инсајдер манки“ првично го разгледа „Кју-ес ворлд јуниверзити ренкингс“ од 2024 година за да ги идентификува водечките универзитети. Рангирањето според „Кју-ес“ ги вклучува најдобрите 1.500 универзитети во светот врз основа на резултатите доделени на различни фактори, вклучувајќи академска репутација и цитати од факултетите. За истражувањето „Инсјадер манки“ ги користел најновите податоци за вкупниот број запишани студенти на секој универзитет.

Најновите достапни податоци за бројот на запишани студенти се за учебната 2022-2023 година. Податоците за оваа метрика се добиени од официјалните веб-страници на универзитетите.

Важно е да се напомене дека оваа бројка може да се менува со текот на времето со запишувањето нови студенти.

5. Универзитетот Њујорк


Вкупен број на нови студенти: 61.950
Рангирање на „Кју-ес јуниверзити ренкинг“: 39. место
Локација: САД

Универзитетот Њујорк е познат универзитет кој се наоѓа во Њујорк, САД. Универзитетот бил основан во 1831 година. Универзитетот има силна академска положба и истражувачка култура.

4. Универзитетот во Мелбурн

Вкупен број на нови студенти:
65.000
Рангирање на „Кју-ес јуниверзити ренкинг“: 14. место
Локација: Австралија

Универзитетот во Мелбурн, основан во 1853 година, се наоѓа во Мелбурн, Австралија. Тој е еден од најголемите универзитети во светот. Универзитетот е познат по својата академска извонредност и се наоѓа на 14. место, меѓу најдобрите универзитети во светот.

3. Универзитетот во Нов Јужен Велс

Вкупен број на нови студенти:
66.540
Рангирање на „Кју-ес јуниверзити ренкинг“: 19. место
Локација: Австралија

Универзитетот во Нов Јужен Велс се наоѓа во Сиднеј, Австралија. Бил основан во 1949 година и се наоѓа на 19. место меѓу 1.500 универзитети во 2024 година.

2. Универзитетот во Сиднеј

Вкупен број на нови студенти:
69.200
Рангирање на „Кју-ес јуниверзити ренкинг“: 20. место
Локација: Австралија

Универзитетот во Сиднеј е еден од најголемите универзитети во светот. Универзитетот нуди различни програми за степен, вклучувајќи програми за додипломски и постдипломски студии. Универзитетот се најде на 20. место меѓу најдобрите универзитети во светот во 2024 година.

1. Универзитетот во Торонто

Вкупен број на нови студенти
: 69.245
Рангирање на „Кју-ес јуниверзити ренкинг“: 21. место
Локација: Канада

Универзитетот во Торонто е најголемиот универзитет во светот. На последните уписи се запишале 69.245 студенти.

Извор: Insider Monkey
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование