X
 03.07.2020 Образование

Најдобри магистерски програми за извршни директори во 2020 според „Кју ес“

Несигурноста на пазарот на труд предизвикана од економските последици на пандемијата на коронавирус создава и несигурност за вредноста на образованието. Насекаде низ светот има генерален тренд магистерската диплома по бизнис-администрација да носи и подобри шанси за вработување и поголема плата.

Програмите за бизнис-администрација, односно управување со бизнис за извршни директори, најчесто се вонредни и им овозможуваат на студентите да продолжат со работа додека студираат. Ваквите програми најчесто се многу скапи низ светот, а оваа година се очекува намалување на интересот за нив поради пандемијата.

Мрежата за високо образование „Кју ес“ штотуку ја објави светската ранг-листа со најдобри магистерски програми по бизнис-администрација за извршни директори. На неа се најдоа 141 програма, оценети според различни критериуми, како ставови на работодавци и академската заедница за квалитетот на програмите, нивото на професионално искуство на студентите, можностите за вработување со програмите и половиот диверзитет.

Најдобрите 10 магистерски програми по бизнис-администрација за извршни директори во светот во 2020

1. Факултет „Вортон“, САД

Големина на студентски групи: 236 студенти
Времетраење: 24 месеци
Просечно работно искуство на студентите: 13 години
Просечна возраст на студентите: 35
Процент на женски студенти: 32%
Школарина: 214.800 долари
Просечна годишна плата три месеци по завршувањето на програмата: 190.000 долари


Фото: Pixabay

2. Факултет за бизнис ИЕСЕ, Шпанија и САД

Големина на студентски групи: 60 студенти
Времетраење: 16 месеци
Просечно работно искуство на студентите: 15 години
Просечна возраст на студентите: 38
Процент на женски студенти: 39%
Школарина: 119.800 долари
Просечна годишна плата три месеци по завршувањето на програмата: 281.541 долар

3. „ХЕЦ Париз“, Франција

Големина на студентски групи: 94 студенти
Времетраење: 15-18 месеци
Просечно работно искуство на студентите: 15 години
Просечна возраст на студентите: нема податоци
Процент на женски студенти: 26%
Школарина: 82.950 долари
Просечна годишна плата три месеци по завршувањето на програмата: 300.000 долари

4. Факултет за менаџмент  „Слоун“ при Технолошкиот универзитет во Масачусетс, САД


Големина на студентски групи: 126 студенти
Времетраење: 20 месеци
Просечно работно искуство на студентите: 17 години
Просечна возраст на студентите: 35
Процент на женски студенти: 34%
Школарина: 178.302 долари
Просечна годишна плата три месеци по завршувањето на програмата: нема податоци

5. Лондонски факултет за бизнис, Велика Британија

Големина на студентски групи: 73 студенти
Времетраење: 20 месеци
Просечно работно искуство на студентите: 12 години
Просечна возраст на студентите: 35
Процент на женски студенти: 26%
Школарина: 121.973 долари - 128.600 долари
Просечна годишна плата три месеци по завршувањето на програмата: нема податоци


Фото: Универзитет во Калифорнија, Лос Анџелес/Pixabay

6. Факултет за бизнис „Бут“ при Универзитетот во Чикаго, САД и Велика Британија

Големина на студентски групи: 240 студенти
Времетраење: 21 месеци
Просечно работно искуство на студентите: 13 години
Просечна возраст на студентите: 37
Процент на женски студенти: 22%
Школарина: 167.000 долари - 194.000 долари
Просечна годишна плата три месеци по завршувањето на програмата: нема податоци

7. ИНСЕАД, Франција и Сингапур

Големина на студентски групи: 230 студенти
Времетраење: 14-17 месеци
Просечно работно искуство на студентите: 14 години
Просечна возраст на студентите: нема податоци
Процент на женски студенти: 30%
Школарина: 135.000 долари - 196.000 долари
Просечна годишна плата три месеци по завршувањето на програмата: 220.942 долари

8. Факултет за бизнис при Универзитет во Оксфорд, Велика Британија

Големина на студентски групи: 74 студенти
Времетраење: 22 или 24 месеци
Просечно работно искуство на студентите: 14 години
Просечна возраст на студентите: 37
Процент на женски студенти: 34%
Школарина: 113.164 долари
Просечна годишна плата три месеци по завршувањето на програмата: нема податоци

9. Факултет за менаџмент „Андерсон“ при Универзитет во Калифорнија, Лос Анџелес, САД

Големина на студентски групи: 137 студенти
Времетраење: 22 месеци
Просечно работно искуство на студентите: 14 години
Просечна возраст на студентите: 35
Процент на женски студенти: 35%
Школарина: 167.992 долари
Просечна годишна плата три месеци по завршувањето на програмата: нема податоци

10. Факултет за бизнис „Хаас“ при Универзитетот „Беркли“, САД

Големина на студентски групи: 72 студенти
Времетраење: 19 месеци
Просечно работно искуство на студентите: 14 години
Просечна возраст на студентите: 35
Процент на женски студенти: 39%
Школарина: 194.000 долари
Просечна годишна плата три месеци по завршувањето на програмата: нема податоци

Автор: Вики Мекивер
Извор: cnbc.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование