X
 03.07.2023 Образование

Најдобрите универзитети во светот за 2024 според QS

Институтот „Квакарели Симондс“ (QS) ја објави ранг-листата со најдобрите универзитети во светот за 2024 година.

На листата се наоѓаат 1.500 институции од 104 земји во светот. Таа е направена врз основа на анализа на академски трудови и мислења на експерти од илјадници универзитети и компании.

На врвот се наоѓа Технолошкиот институт во Масачусетс од САД, а по него следуваат Универзитетот во Кембриџ и Универзитетот во Оксфорд.

На листата нема универзитет од Македонија, но има еден од Босна и Херцеговина, еден од Бугарија, три од Хрватска, осум од Грција, четири од Србија и три од Словенија.

Најдобрите 10 универзитети во светот според „Квакарели Симондс“

1. Технолошки институт во Масачусетс, САД
2. Универзитет во Кембриџ, Обединето Кралство
3. Универзитет во Оксфорд, Обединето Кралство
4. „Харвард“, САД
5. „Стенфорд“, САД
6. „Империјален колеџ Лондон“, Обединето Кралство
7. „ЕТХ Цирих“, Швајцарија
8. Национален универзитет во Сингапур, Сингапур
9. Лондонски универзитетски колеџ, Обединето Кралство
10. Универзитет во Калифорнија, Беркли, САД

Целосната листа можете да ја најдете овде.

Извор: Top universities
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование