X
 03.08.2018 Живот

Каде се наоѓа најскапиот имот во светот?

Проценет на милијарда долари, дел од планината Беверли Хилс официјално е најскапиот имот во историјата на Лос Анџелес (ако не и во светот).

Како што наведува „Форбс“, цената се однесува на панорамскиот дел на полу-развиеното земјиште, со поглед кон Лос Анџелес, каде сѐ уште не постојат градби. Имотот се протега на 157 хектари, што е скоро дупло повеќе од забавниот парк Дизниленд.

skap
Фото: Matthew Momberger /Juwan Li


-Ако купувачот сака да направи забавен парк со големина на Дизниленд, може да го направи, потребно е да резервира повеќе од 100 хектари. Тука навистина можете да создадете сопствено кралство - Арон Кирман, агентот за недвижнини.

-Ова е единствена можност да имате своја планина што гледа кон Лос Анџелес - додава тој.

Дури и Том Круз и Бред Пит покажале заинтересираност за оваа земја, а оваа година сопствеништвото е пренесено на фирмата „Секјурд Капитал Партнерс“.

-Мојот тим идентификува дека постојат 100 милијардери на светот кои би биле заинтересирани и кои би можеле да си го дозволат овој имот - вели Кирман.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот