X
 03.10.2022 Образование

Денеска ќе бидат објавени листите со бруцоши примени во студентските домови

По многуте реакции од јавноста и прашањата што ги добивме во редакција за тоа кога ќе бидат објавени листите со бруцоши примени во студентските домови, побаравме став од Министерството за образование и наука. Оттаму ни одговорија дека листите ќе бидат објавени во текот на денешниот ден.

Тие веднаш ќе бидат пренесени на Факултети.мк.

Колку за потсетување, бруцошите деновиве веќе одат на првите академски часови и си ги земаат индексите, а не знаат дали се примени во студентски дом. Листите, според конкурсот, требаше да бидат објавени во петокот, на 30 септември.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование