X
 05.06.2022 Живот

Прекрасни фотографии од мала фока во Бајкалското Езеро

Фотографот Дмитриј Кох отпатувал до Бајкалското Езеро и успеал да фотографира млади, пријателски расположени фоки во нивната природна средина - под ледената вода.

Бајкалското Езеро во Русија се смета за најдлабокото и најстаро езеро во светот и може да се најде северно од монголската граница. Освен што е најголемото слатководно езеро во светот, исто така е дом на околу 1.800 ендемични растителни и животински видови.

1

Тука спаѓаат и бајкалските фоки, кои се едни од најмалите морски цицачи со предни и задни перки.

За Кох, кој специјализирал за диви животни и подводна фотографија, овие фоки се долго време на неговата листа за фотографирање. Кох отсекогаш фотографирал поларни мечки и други видови диви животни во студените, екстремни средини. Пред две години тој се обидел да ги фотографира бајкалските фоки, но не успеал - езерото замрзнува околу средината на јануари, па било тешко да се најдат на отворени води.

2

3

Сепак, не се откажал и се вратил на езерото во април, кога почнува сибирската пролет и кога женките раѓаат младенчиња. За разлика од возрасните, новороденчињата не се срамежливи и лесно се препознаваат по нивното снежнобело крзно. Подоцна крзното станува сиво, а фоките почнуваат да ги истражуваат непознатите средини под мразот на езерото.

- Фоките генерално се забавни за фотографирање - тие се пријателски расположени, љубопитни и многу фотогенични - вели Кох.

4

6

- Совршено време за фотографирање е нивната тинејџерска возраст бидејќи тогаш се пољубопитни и позаинтересирани. Кога се премногу мали, зависни се од мајката и остануваат блиску до неа - вели тој.

6

Можноста да се фотографираат бајкалските фоки одблиску е незаборавно искуство за Кох. Следен предизвик е фотографирање на возрасните бајкалски фоки. Кох се надева дека ќе се врати во текот на летото и ќе успее да ги фотографира срамежливите и исплашени бајкалски фоки.

Извор: Petapixel.com
Фото: Dmitry Kokh
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот