X
 05.10.2018 Технологија

Мит или вистина е дека може да дознаете кој ви го гледал фејсбук-профилот

Корисниците на „Фејсбук“ често ги интересира дали можат да дознаат кој го гледал нивниот профил. Постојат голем број апликации што тврдат дека можат да им покажат кој им го гледал профилот, но дали е навистина така?

За жал, краткиот одговор на ова прашање е НЕ! Не постои начин да проверите кој ви го гледал вашиот профил. Станува збор за еден од најстарите и најупорни митови поврзани со најголемата социјална мрежа во светот, а кој од „Фејсбук“ во повеќе наврати категорично го негираа. Другите социјални мрежи, на пример „Линкедин“, ја нудат оваа можност, но не и „Фејсбук“. Воедно, оваа функција не е достапна ниту со други апликации.

„Фејсбук“ знае многу работи за вас и ве следи: вашата локација, вашата историја на пребарувања на интернет и други навики. Од друга страна, „Фејсбук“, за разлика од „Линкедин“, главно е мрежа за приватни луѓе. За многу корисници би била одбивна можноста за следење на тоа кој им го гледа профилот, па „Фејсбук“ поради тоа не нуди пристап до овие податоци.

1
Фото: Michele Doying / The Verge


Апликациите ќе се обидат да ве измамат


Зошто тогаш постојат многу апликации што тврдат дека ќе ви овозможат ваков увид во податоците? Па, како што дознавме благодарение на скандалот поврзан со „Кембриџ аналитика“, апликациите може да бидат одличен начин за масовно собирање податоци. Со други зборови, овие апликации се обидуваат да ве измамат за нивните креатори да стигнат до вашите податоци.

Во најдобар случај, апликациите им ги продаваат вашите податоци на рекламни компании, а во најлош случај, станува збор за прикриен злонамерен софтвер што може да ви нанесе многу штета - од крадење податоци до крадење пари и идентитет. Затоа, ако налетате на ваква апликација, пријавете ја на „Фејсбук“.

Што ако веќе сте ја инсталирале? Избришете ја од уредот и проверете дали поставките за споделување податоци поврзани со „Фејсбук“ се поставени онака како што сакате.

Тогаш, што можете да видите на „Фејсбук“?

До кои податоци можете да дојдете на „Фејсбук“? Со големиот притисок од јавноста, регулаторните агенции и законодавците во повеќе земји во светот, на оваа социјална мрежа ѝ наметнале значително построги услови за пристап до податоците од кориснички профил. Сепак, постојат неколку достапни алатки што можат да бидат корисни.

Ако сакате да ја видите целата интеракција со некој ваш фејсбук-пријател, искористете ја алатката „See friendship“ што се наоѓа кога ќе го отворите профилот на вашиот пријател и ќе кликнете на паѓачкото мени до сличето за пораки.

Доколку ве интересираат податоци за сопствените активности на „Фејсбук“, отворете „Activity log“. Тука ќе пронајдете информации поврзани за вашите лајкови, објави, тагови, а има и информации поврзани со конкретни активности.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија