X
 05.12.2018 Живот

Ова 8-годишно момче заработува 41.000 долари / месечно

Магазинот „Форбс“ открива дека Рајан, кој на каналот „Ryan ToysReview“ оценува играчки, моментално е најплатениот јутјубер во светот, надминувајќи го познатиот јутјубер Џејк Пол со 500.000 долари заработка за 12 месеци, до јуни.

Рајан речиси секој ден објавува видеа, а едно од нив, во кое промовира сино џиновско мистериозно јајце, има над милион прегледи од неделата.

На трето место се најде каналот „The Dude Perfect“, кој заработува 20 милиони долари, вели „Форбс“.

Заработката на Рајан, која не ги вклучува даноците или адвокатите, е двојно зголемена во споредба со претходната година. Запрашан зошто децата сакаат да ги гледаат неговите видеа, 8-годишниот Рајан вели: - Бидејќи сум забавен и смешен.

bbc
Фото: ВВС


Неговиот јутјуб-канал го поставиле неговите родители во март 2015 година, а неговите видеа имаат речиси 26 милијарди прегледи и 17,3 милиони следбеници.

„Форбс“ вели дека вкупно 21 милион долари се генерирани од реклами прикажани пред видеата, додека остатокот од 1 милион долари доаѓа од спонзорирани објави. Износот генериран од спонзорирани објави е мал во споредба со другите врвни јутјубери.

Играчките вклучени во видеата на каналот можат да се распродадат веднаш.

Во август „Волмарт“ почна да продава ексклузивен асортиман на играчки и облека наречен „Светот на Брајан“, а видеото во кое Рајан и неговите родители ги бараат неговите играчи во продавница „Волмарт“ има над 14 милиони прегледи во период од три месеци.

Бидејќи сѐ уште е дете, 15 отсто од заработката на Рајан одат во банкарска сметка до која ќе има пристап кога ќе биде полнолетен.

И неговите сестри близначки се вклучени во забавата: тие се вклучени во некои видеа на поврзан јутјуб-канал наречен „Ryan's Family Review“. Видеото наречено „Top 10 Science Experiments you can do at home for kids“ во кое се појавуваат трите деца има повеќе од 26 милиони прегледи.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот