X
 26.05.2023 Живот

Јапонец завршил в затвор затоа што го oбјавил крајот на видеоигра на „Јутјуб“

Јапонија можеби е либерална земја, но не толку либерална за да ви биде дозволено да откривате „спојлери“ за игра стара 12 години.

Според јапонските медиуми, 52-годишен јутјубер од Нагоја е првиот човек кој е приведен затоа што заработувал од видеа на кои го прикажувал крајот на една игра. Имено, тој нелегално објавил три клипа од играта „STEINS;GATE: My Darling's Embrace on Steam“ на „Јутјуб“, вклучувајќи го и крајот на играта.

Сега се поставува прашањето дали е уапсен поради објавувањето на крајот на играта или поради тоа што имал финансиска корист од тие клипчиња, односно затоа што заработувал од содржини кои не се негови.

Ова е особено спорно за креаторите на оваа игра, која е визуелен роман и всушност во целост може да се доживее со гледање, односно без играње.

Во секој случај, уапсениот признал дека знаел за своите постапки, како и тоа дека знаел дека она што го прави е незаконско.

Извор: b92.net
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот