X
 06.02.2020 Култура

Почина легендарниот актер Кирк Даглас

Славниот актер Кирк Даглас почина во 103-тата година од животот, соопшти неговиот син, актерот Мајкл Даглас.

Веста за смртта Даглас помладиот ја потврди за списанието „Пипл“, пренесоа британските медиуми.

- Со огромна тага јас и моите браќа соопштуваме дека Кирк Даглас нè напушти. За светот беше легенда, актер од златната ера на филмот, кој и самиот доживеа златни години, хуманитарец чија посветеност кон правдата и принципите во кои веруваше на сите им станаа стандарди кон кои треба да се стремиме - наведе Мајкл.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура