X
 06.02.2024 Живот

Речиси сите го прават ова по будењето, а грешат

Секој има различни навики по будењето. Некој веднаш скокнува од креветот (иако таквите се ретки), а на некој му е потребно уште малку лежење. Меѓутоа, во ерата на технологијата, лоша навика на повеќето луѓе е што веднаш посегнуваат по мобилниот телефон и ги прелистуваат известувањата, пораките, вестите...

Колку е опасна оваа навика?

Д-р Џејн Боуринг објаснува дека тоа е нешто што сите го правиме одвреме-навреме, но посегнувањето по телефонот веднаш по будењето може да биде „премногу стимулативно“ за нервниот систем, предизвикувајќи одредени последици врз здравјето. На нејзиниот канал на платформата „Тик-ток“ таа вели:

- Не треба да го правите ова бидејќи ќе се подигне нивото на допамин во вашето тело, а тој е силен стимуланс за мозокот и нервниот систем.

Таа предупредува дека користењето на мобилниот телефон по будењето може да влијае и врз метаболизмот поради електричното и магнетното поле (EMF) од самиот телефон, што предизвикува премногу калциум да ги преплави клетките, кои потоа бараат повеќе магнезиум за да се постигне рамнотежа во телото.

Според докторката, тоа може да влијае врз вашиот метаболизам во текот на денот, нивото на енергија, а може да добиете и главоболки. Екранот на вашиот телефон испушта и сина светлина, што може да го наруши времето на спиење. Исто така, може да влијае и врз нивото на стрес во текот на денот.

Извор: Mondo.rs

Фото: Pexels

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот