X
 06.08.2018 Технологија

Научно-фантастични предвидувања што веќе се реалност

Една од причините поради кои ја сакаме научната фантастика е тоа што има неверојатна способност да ги направи најневозможните концепти доста возможни. Но излегува дека некои од овие концепти се многу поблиску до реалноста отколку што можеме да замислиме. Всушност, некои од нив веќе се реалност.

Виртуелна реалност

Сведоци сме на различни експериментални толкувања на виртуелната реалност во текот на изминатите неколку децении. Од најпознатиот филм „Матрикс“ до „Тунелот под светот“, можноста за виртуелната реалност ни беше претставена пред многу години.

Еден од најточните описи за виртуелната реалност што ја имаме денес била приказната „Спектаклите на Пигмалион“, расказ напишан во 1935 година од Стенли Г. Вајнбаум.

научна
Фото: Wikipedia


Сега, благодарение на слушалките како „ХТЦ Вајв“ и „Окулус Рифт“, виртуелната реалност стана достапна за популацијата.

Зголемена реалност

Додека виртуелната реалност целосно ве потопува во еден нов свет, зголемената реалност дава дигитални елементи и сугерира ефекти на преглед во живо користејќи предмети за препознавање.

Зголемената реалност е популарен концепт во многу научно-фантастични дела.

Контактни леќи што снимаат искуства


Само замислете - контактни леќи што се и камери и што даваат можност за снимање и зачувување на она што го гледате за да можете да го репродуцирате секогаш кога сакате - вашата свадба, раѓањето на вашето дете или особено среќниот одмор што не сакате да го заборавите.

„Сони“ неодамна поднесе нов патент за „паметни контактни леќи“ што всушност ќе ги снимаат вашите искуства. Технологијата зад овие леќи ќе биде високо софистицирана. Тие ќе имаат специјални сензори што ќе ја претворат механичката енергија во електрична енергија за да ја активираат камерата.

Електронски таблет


Електронскиот таблет се има појавено во многу научно-фантастични дела многу години пред да биде создаден и продаден на јавноста од „Епл“ и „Самсунг“.

Ако некогаш сте го гледале „2001:Вселенска одисеја“ од 1968 година, можеби се сеќавате на уредот сличен на таблетот.

Паметни уреди за домот


Кога филмот „Паметна куќа“ од „Дизни“ беше објавен во 1999 година, поголемиот дел од технологијата се чинеше како далечен концепт. Но се чини дека денес е веќе значаен дел од нашите секојдневни животи.

Во филмот се појавува семејство што се преселува во „куќата на иднината“ што ја води вграден виртуелен асистент.

Автономни автомобили


Во 1990 година, Арнолд Шварценегер возеше автономно такси во филмот „Total Recall“. Денес, „Гугл“ тестира возење на автономни автомобили, а во меѓувреме Илон Маск најави дека наредната година, „Тесла“ автомобилите ќе можат да се возат сами од Калифронија до Њујорк без никаква човечка интеракција.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија