X
 06.08.2023 Живот

Оваа исхрана станува сѐ попопуларна во светот

Има сè повеќе различни начини на исхрана кои луѓето ги следат, но покрај вегетаријанската и веганската исхрана, во последните неколку години е популарна и флекситарната диета, а луѓето што ја практикуваат се нарекуваат флекситарци.

Што всушност е флекситаризам? Наједноставно кажано, флекситаризмот или „полувегетаријанството“ е диета базирана првенствено на храна од растително потекло со повремено вклучување месо и риба во менито. Она што сакаат да го постигнат флекситарците е постепено да го намалат внесот на месо, но и да го намалат испуштањето на штетни гасови во околината со повремено јадење риба и месо.


Фото: Pixabay

Како што кажува и името, станува збор за флексибилна исхрана, која покрај месо и риба, вклучува и поголеми количини интегрални житарки, мешунки, овошје и зеленчук и други видови храна како тофу и сејтан.

Колку месо е дозволено?

Со оваа диета, во принцип, не е строго определено колку месо и кога се јаде, освен што целта е растенијата да доминираат во исхраната. Флекситарците обично избираат висококвалитетно помалку масно месо, како пилешко или мисиркино. Она што најмногу се избегнува е преработеното месо, како сланина, колбаси, салама, шунка и паштета, бидејќи овие производи содржат многу заситени масти и сол, а многу малку витамини и минерали.

Според истражувањата, префрлањето на луѓето од просечна западна исхрана на флекситарната би можело да ги намали емисиите на стакленички гасови за 7 отсто.

Извор: Green
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот