X
 07.06.2018 Живот

Канада на чекор до легализирање на марихуаната

На 7 јуни канадскиот Сенат ќе гласа за „Bill C-45“ и се очекува да помине, со што Канада ќе биде првата од Г-7 (читај: богати) нации што ќе ја легализира марихуаната.

Она што е интересно во врска со канадската легализација е дека производите од марихуана ќе се продаваат во продавници регулирани од владата, што значи слично како што се продава алкохолот. Канада има интересен закон за продажба на алкохол - сите продавници за алкохол се или управувани од провинцијата или од владата. Со тоа, Канада планира да продава марихуана и се очекува да донесе 6 милијарди долари за канадскиот БДП.

канада

Со оглед на тоа што марихуаната се сметала за дрога од класа 1, заедно со хероинот и кокаинот во 1970 година, смртните случаи поврзани со марихуаната се намалиле на нула. Во меѓувреме, смртните случаи поврзани со алкохол убиле 88.000 луѓе на годишно ниво, додека пијано лице убива еден човек на секои 50 минути. Совршено легалните опоиди што ги форсираат фармацевтските компании убиваат 1 од 5 лица на возраст помеѓу 24 и 35 години, најмногу поради тоа што фармацевтските компании потрошиле 3 милијарди долари за да ги држат тие опоиди на улица.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот