X
 07.06.2021 Живот

Повелете во Domato.mk, новиот уникатен онлајн-гурмански маркет за добра храна

Вљубеници во прекрасна храна, хедонисти и сите што сакате фино живеење – добре дојдовте во Domato.mk, вашата нова омилена веб-страница што постои за да ви го разубави секој ден. Со задоволство ве известуваме дека по долгите и темелни подготовки, неодамна и официјално започнавме со работа и отсега сме ви постојано на располагање.

Во фокусот и филозофијата на Domato.mk се свежите и сезонски овошја и зеленчуци и здравата и органска храна создавана и одгледувана со љубов. Наша специјалност се и прехранбените продукти и вина произведени во Италија, па ве каниме да пазарувате со задоволство и да одбирате од стотици внимателно селектирани и проверени производи, без воопшто да го напуштите домот.


Вие составувате, ние доставуваме


Дистрибуираме навремено и најдоцна за 24 часа на територијата на Скопје и нашата страница е едноставна, прегледна, прецизна, а плаќањето ефикасно, сигурно и комплетно безбедно. Едноставно, ние сме тука за да ви го олесниме секојдневието и да се погрижиме вашата кошничка да биде полна со најсвежите, најздравите и најквалитетните продукти.



Што нудиме?

Исклучително внимателно одбрани зеленчук и овошје од локални мали фарми и производители на здрава и органска храна. Сакаме автентично одгледување на плодовите и посветена работа, а знаеме дека сезонското е најдобро и најхранливо. Поради тоа, кај нас нема да има домат во декември или јаболко во јули. Oвој онлајн-маркет го изградивме со многу љубов, енергија и искуство и затоа не прифаќаме никаков компромис кога се работи за квалитетот, свежината и потеклото на нашите производи.

Дополнително, нудиме и природни млечни и месни производи, како и свежа риба и морски плодови. Претпочитаме производи зад кои стојат фармери, одгледувачи и професионалци од Македонија, а главните критериуми се потврденото потекло, домаќинското работење, почитта кон земјата и природата и секако, волшебниот вкус.



Што има друго?

Тимот кој стои зад Domato.mk се занимава со увоз на висококвалитетни италијански прехранбени продукти над 10 години. Затоа, во Domato.mk ќе најдете неверојатен избор на италијански производи, а тука има сешто: маслинови масла, тестенини, врвен избор на кашкавали, сувомесни производи, најквалитетна детска храна произведена во Италија, конзервирани деликатеси… и секако, вино.

По што се разликуваме?

Тука сме да за излеземе во пресрет на вашето време и потреби, а нашиот комплексен логистички систем се грижи до вашиот дом наутро да пристигнат плодови кои се набрани претходната ноќ.

#Повелете #ОдДомаДоДома #ДоматоМК #DomatoMK
Следете нè:
https://www.facebook.com/domato.mk
https://www.instagram.com/domato.mk/

(Комерцијална објава)


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот