X
 07.12.2023 Живот

Симулација на дипломатски прием 2023 во „Јахја Кемал“ - Струга

Веќе една деценија во ПСУ „Јахја Кемал“ во Струга традиционално се одржува симулација на формален прием за учениците од четврта година.

Оваа недела повторно се одржа ваков формален настан како практична настава, на која ѝ претходат теоретски подготовки на учениците за дипломатија и дипломатски протоколи.

Самиот настан е збогатен со пригоден коктел и класична музика во живо. На овој формален настан традиционално учествуваат гости од различни локални и државни институции.



ПСУ „Јахја Кемал“ е мултиетничко училиште кое ги негува позитивните интеракции и разлики меѓу сите свои ученици и образовен кадар и се гордее со сите досегашни дипломати, јавни личности и почитувани професионалци што произлегле токму од нашата образовна институција.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот