X
 09.02.2022 Наука

Папагал победил студенти од „Харвард“ во игра за меморија

Папагалите се многу интелигентни животни, а еден решава игри за меморија подобро од студенти од престижниот „Харвард“. Африканскиот сив папагал Грифин надмудрил 21 студент од Универзитетот „Харвард“ во игра за меморија.

Истражувачите му поставувале задачи за помнење на Грифин во кои тој морал да ја погоди чашата под која е скриена топка откако повеќе чаши биле измешани на масата. Истата задача ја добиле и 21 студент од „Харвард“ и уште толку деца на возраст од 6 до 8 години.

Грифин во играта или бил изедначен или подобар од луѓето во 12 од 14 игри. Студентите биле подобри од Грифин само во последните тестови во кои имало најмногу топчиња и најмногу движења. Сепак, според просечниот број погодоци, победникот во играта на меморија спроведен од истражувачите бил Грифин.


- Имавме студенти од додипломски студии по инженерство, право, медицина, постари, помлади... Но папагалот ги „растури“ - изјавил Храг Пајлан, главен истражувач во истражувањето.

Авторите на истражувањето откриваат дека Грифин се користи за испитувања уште кога имал 7,5 седмици, а сега има 22 години.

Негова негувателка е Ајрин Пеперберг, психолог од „Харвард“. Таа го научила Грифин да кажува 30 англиски збора и да разбере барем уште 40 збора.

Извор: Moj Faks
Фото: YouTube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука