X
 09.04.2024 Живот

Менса организира тестирање за прием на нови членови

Менса Македонија организира тестирање на општата интелигенција со цел прием на нови членови, на 13.4.2024 (сабота), во 11:00 часот, во СУГС „Никола Карев“ во Скопје.

Кандидатите треба:
- да имаат полни 16 години,
- да уплатат 500 денари на: примач: Менса Македонија,
сметка: 300-0000002113-02 Комерцијална банка,
цел на дознака: Тестирање
- да понесат документ за лична идентификација на самото тестирање,
- од претходното тестирање да се поминати најмалку 6 месеци и
- претходно да не се тестирале повеќе од три пати.

Пријавувањето се одвива на линкот: каде што треба да прикачите и доказ за извршена уплата, заклучно со 12.4.2024.

Во согласност со иницијативата на Менса за поддршка на крводарителството, тестирањето е бесплатно за сите крводарители, наместо доказ за уплата, потребно е да приложите крводарителска книшка.

Тестирањето се одвива со стандардизирани тестови за интелигенција на Mensa International® и резултатите се тајни.
Доколку вашиот резултат е во горните 2% од светската популација, стекнувате право да станете член на Менса Македонија, а со тоа и на Mensa International®.

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот