X
 09.08.2017 Живот

Тест што ги открива тајните на вашата потсвест

Еве еден интересен тест со кој може да се откријат многу тајни поврзани со потсвеста.

Исклучете ја вашата логика на извесно време – прашањата се фокусирани на игра со вашата потсвест.

Немојте да размислувате! Само земете молив и хартија, и запишете ја првата работа што ќе ви падне на памет. Потоа видете ја анализата на вашите одговори.

Прашања

1. Замислете дека одите со некого низ шума. Кој би можел да биде тоа?

2. Движејќи се низ шумата, надалеку од вас, забележувате животно. Кое е тоа животно?

3. Што се случува откако ќе ви се вкрстат погледите?

4. Продолжувате да одите низ шумата. Излегувате на ливада на која ја забележувате куќата од вашите соништа. Како би ја опишале нејзината величина?

5. Дали куќата од вашите соништа е оградена или не?

6. Влегувате во куќата. Одите до трпезаријата за да ја видите масата. Опишете што гледате на неа и околу неа?

7. Ја напуштате куќата низ задната врата. И забележувате филџан на тревата. Од каков материјал е направен филџанот?

8. Што ќе направите со филџанот?

9. Доаѓате до крајот на дворот. Таму гледате поточе. Колкаво е поточето?

10. Како планирате да премините преку него?

Вашите одговори на овие прашања ги демонстрираат вашите вредности и идеали. Еве како...

Анализа на тестот

1. Човекот кој оди со вас – е најважната личност во вашиот живот.

2. Големината на замисленото животно – е всушност големината на вашите проблеми во вашата потсвест. Колку е поголемо животното, толку ви е потежок животот.

3. Начинот на кој реагирате на неочекувана средба во шумата го покажува најдобриот начин за решение на вашите проблеми (агресивен, пасивен или бегање).

4. Големината на куќата што сте ја виделе е големината на вашите амбиции. Ако куќата е преголема, можеби имате преголеми очекувања од животот.

5. Ако нема ограда околу куќата, вие сте отворен и слободен човек. Ако куќата има ограда, вие го почитувате личниот простор, и истото го очекувате од другите. Односно, никогаш нема да влезете во личниот простор на другите без дозвола.

6. Ако во трпезаријата не сте забележале присуство на други луѓе, храна на масата, тогаш постои голема веројатност дека сте длабоко несреќни.

7. Цврстината и долговечноста на материјалот од кој е направен филџанот е она што е ваша перцепција колку се силни меѓусебните односи во вашето семејство. А можеби тоа е пластична чаша, стаклена или направена од хартија? Најверојатно сте загрижени за иднината на вашето семејство. Ако филџанот во вашата потсвест бил направен од керамика, порцелан или метал – значи дека нема за што да се грижите.

8. Она што ќе го направите во вашите мисли со филџанот го карактеризира односот со личноста од прашањето број 1.

9. Големината на поточето – тоа е големината на вашата страст во љубовните односи.

10. Колку е „повлажен“ начинот на преминување преку потокот, толку е поголемо значењето на страста во вашиот живот.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот