X
 09.11.2023 Наука

Подводна вулканска ерупција создаде нов остров во Јапонија

Светот доби нов остров кој се издигна јужно од Јапонија, во Тихиот Океан. Според Јапонската метеоролошка агенција (JMA), сѐ уште неименуваниот остров се создал од подводна вулканска ерупција.

Островот се наоѓа на околу 1.200 километри јужно од копното на Јапонија и еден километар од островот Иво Џима - можеби најпознат по битките во Втората светска војна каде што загинале најмалку 7.000 американски војници и 22.000 Јапонци. JMA бележи вулканска активност во областа од лани, но Институтот за истражување на земјотреси при Универзитетот на Токио потврди дека ерупцијата што го создала новиот мал остров се случила на 30 октомври оваа година.



Сецуја Накада, почесен професор по вулканологија на Универзитетот, за тамошните медиуми појасни дека магмата била одредено време под водата, пред копното конечно да се издигне на површината.

Излегувањето на островот над океанската површина е документирано и од Националните поморски одбранбени сили на Јапонија, на 1 ноември. Снимките покажуваат мала ерупција што испушта темен облак од пепел над малиот остров, кој сега е дел од низата острови Огасавара.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука