X
 26.06.2022 Забава

Најмалиот прекуграничен мост спојува куќа во Канада со двор во САД

На реката Сент Лоренс, која е природна граница помеѓу Канада и САД, се наоѓа малиот остров Завикон на кој има куќа. Куќата, која се наоѓа во канадскиот дел од реката, има двор на друг остров кој се наоѓа во американскиот дел од реката.

Двата острова се поврзани со мост кој се смета за најмал прекуграничен мост во светот. Долг околу 10 метри, овој мост ги спојува двата острова во различни држави кои имаат ист сопственик. На малиот дрвен мост има насликано канадско и американско знаме.


Меѓутоа, многумина велат дека овој мост е само туристичка замка бидејќи според некои историски извори, двата острова ѝ припаѓаат на Канада.

Извор: Jalopnik
Насловна фотографија: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава