X
 10.05.2017 Образование

Училишта сѐ почесто ги укинуваат домашните задачи за учениците

Неодамна, во Хрватска беше спроведен проектот „30 дена без домашни задачи“ кој голем дел од наставниците ширум Хрватска го прифатиле.

Резултатите од проектот биле неверојатно. 90% од наставниците забележале поголема мотивираност кај децата, повеќе работа на наставата, поголема креативност кај учениците.

Слична вест пристигнува од Ирска - директорот Џејмс Ричардсон од основното училиште Маркетхил во Армаг, Северна Ирска ги откажал сите домашни задачи, за учениците да имаат повеќе време да одат надвор и да играат.

Тој сака родителите да ја искористат можноста и да ги инспирираат децата да излегуваат надвор и да бидат активни.

Во писмото испратено до родителите Ричардсон им пишува дека пишуваните домашните задачи се минато за ова основно училиште. Учениците ќе можат да продолжат со другите аспекти на домашната задача - спелувањето и табелите како и читањето, меѓутоа нема да има домашни задачи по математика и писменост нема да има.

„Се надеваме дека вие, нашите родители и нашите деца ќе уживате во времето поминато заедно и за вас тоа ќе биде навистина корисно“, пишува во писмото.

Се чини дека сè поголем број училишта ја прифаќаат идејата за укинување на домашните задачи.

Неодамна, еден наставник од Тексас привлече внимание откако испрати белешка до сите родители на неговите ученици во која вели дека учениците работат напорно цел ден, па кога ќе одат дома нив ги чекаат други работи од кои можат да учат.

Директор на средно училиште во Есекс, Британија ги забранил домашните задачи, а како резултат на тоа, сега наставниците имаат повеќе време да ги планираат своите часови.

Експериментот кој го спровел Марк Трифилио, директор на јавното училиште Орчард во Вермонт, покажал неверојатни резултати. Имено, тој заедно со наставниците од неговото училиште одлучиле да не им даваат домашни задачи на учениците. Тој поставил правила кои оделе со политиката без домашни задачи. Учениците требало да читаат секоја вечер, да излегуваат надвор и да играат, а не да седат пред екранот, да јадат со своето семејство и да помогнат во поставувањето и расчистувањето на масата и да имаат здрави навики во спиењето.

После 6 месеци, Трифилио забележал голем успех: учениците немале никакви намалувања на оценките. Напротив, со тоа што не биле зафатени со домашни задачи, тие добиле време да станат креативни мислители и да ја следат нивната страст.

Како размислуваат образовните експерти во врска со домашните задачи?


Mислењата на експертите се поделени. Дел од нив сметаат дека домашните задачи поставуваат голем притисок врз децата, а времето поминато пишувајќи домашна задача би можело да биде искористено за други активности - читање, спорт, свирење инструмент, помош низ дома и слично. Дел пак мислат дека со домашните задачи, учениците ќе се потсетат на она што го учеле за време на часот и со тоа ќе бидат подобро подготвени за тестовите. Исто така, со домашните задачи се развиваат одговорностите на учениците.

Кое е вашето мислење?
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование