X
 10.05.2022 Живот

Гром удрил во авион што тргнал од Тирана

Гром удрил во авион што тргнал од аеродромот во Тирана, но, за среќа, немало повредени и авионот веднаш бил вратен назад.

Косовскиот новинар Венхар Исуфи сподели снимка од несекојдневната случка, која веднаш се прошири на социјалните мрежи.

- Пред малку овој авион беше погоден од гром. За среќа, иако во авионот имало многу патници, сè поминало без последици - напиша тој, објаснувајќи дека во авионот бил неговиот внук, кој му кажал дека моментот кога удрил громот бил застрашувачки.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот