X
 10.07.2020 Образование

ВИДЕО - Останете истрајни, не постои вирус кој може да ги намали вредностите на вашето знаење, им порачува професорот Виктор Гавриловски на своите студенти

Минатиот месец Факултети.мк направи онлајн-анкета во која ги запрашавме студентите кој наставник заслужува пофалба за неговиот труд што го вложил во организирањето на онлајн-наставата.

Еден од професорите што добија многу пофалби за тоа како се справувале со наставата во време на корона-кризата беше и професорот Виктор Гавриловски од Машинскиот факултет во Скопје.

- Се обидува колку што може повеќе да се чувствуваме како да сме на факултет, односно еднакви му се предавањата, не заостануваме со материјалот, редовно има прашања во врска со тоа дали ни е јасно нешто итн. - напиша еден студент.

Сега ние го прашавме него што има да им каже на студентите. Тој истакна дека задоволството на студентите од спроведената настава му била највредна награда и им порача на студентите да останат посветени на остварувањето на целите. Професорот е оптимист дека повторно ќе се види со студентите во октомври.

Погледнете ја целата негова порака:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование