X
 10.07.2023 Образование

УКЛО го објави конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии за академската 2023/2024

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола го објави Конкурсот за упис на нови студенти во прва година во академската 2023/2024 г. и е достапен на веб-страницата на УКЛО.

Место има за 2.565 нови студенти. Од нив 1.351 се за државната квота, другите 773 и 441 се наменети за студии со кофинансирање и вонредно студирање, на 11 единици на УКЛО. Со објавување на Конкурсот, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола ги отвора вратите за упис на нови студенти во акдемската 2023/2024 година.

Заинтересираните кандидати имаат можност за солиден избор од широката лепеза од специфични профили.

УКЛО нуди многубројни акредитирани студиски програми што се поврзани со пазарните потреби, интегрирани во опкружувањето.

УКЛО и во новата академска 2023/2024 г. го стимулира уписот на најдобрите. На секоја единица на Универзитетот, од сите студиски програми заедно, на тројца најдобро рангирани кандидати ќе им бидат рефундирани средствата од плаќање партиципација за првиот семестар од првата година на студии.

Конкурсот ќе се реализира во три уписни рока.

Првиот уписен рок на УКЛО почнува на 21, 22 и 23.08. 2023 г.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование