X
 11.07.2022 Образование

Македонските математичари и физичари се натпреваруваат на олимпијадите во Норвешка и во Швајцарија

Периодов се одржуваат меѓународните олимпијади по математика и по физика.

Интернационалната математичка олимпијада се одржува во Осло, Норвешка, од 6 до 16 јули 2022 година.
Нашиот претставнички тим е под водство на Илија Јовчевски од ПМФ и заменик-водачот Мирко Петрушевски од Машински факултет.

Македонските претставници на математичката олимпијада се: Никола Спировски, Дамјан Давков, Јан Стојановски, Алексиј Тасиќ, Блаже Суклевски и Јасна Илиева.

Македонските претставници на Интернационалната олимпијада по математика

Додека, пак, 52. Меѓународна олимпијада по физика се одржува во Цирих, Швајцарија. Таа ќе трае од 1 до 17 јули 2022 година.

Нашите годинашни претставници на Олимпијадата по физика се: Мајкл Георгиевски, Матеј Гелев, Димитриј Анѓеловски, Емилија Николовска и Горазд Блажески.

Македонските претставници на Меѓународната олимпијада по физика

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование