X
 12.06.2023 Образование

МОН до ДИЦ: Да се лоцира одговорноста за пропустот при полагањето на вториот екстерен испит од државната матура

Министерството за образование и наука се обрати до Државниот испитен центар како надлежна институција за организирање на државната матура со цел лоцирање на одговорноста меѓу учесниците во спроведувањето на процесот, во однос на направениот пропуст при полагањето на вториот екстерен испит по англиски јазик.

- Иако тестот не им бил достапен на учениците пред полагањето, односно истиот е споделен меѓу матурантите преку апликација за електронска комуникација за време на самото полагање, сепак, тоа е пропуст кој никако не требало да се случи и повлекува соодветна одговорност. По добивањето на информациите од ДИЦ, истите ќе бидат споделени со јавноста. Информираме дека МОН побара од оваа година полагањето на испитите да се спроведува во поголеми простории во училиштата, како на пример во училишните сали и холови каде што би биле сместени сите матуранти кои се пријавени за полагање државна матура и со присуство на повеќе тестатори и набљудувачи. Но, поради случувањата во ДИЦ, штрајкот на вработените непосредно пред датумите за спроведување на државната матура, истите не се случија - стои во соопштението.

Од МОН додаваат дека очекуваат промените да се имлементираат следната учебна година, со што, како што велат, ќе се намалат ризиците од можни нерегуларности кои би ја довеле во прашање веродостојноста на резултатите.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование