X
 12.08.2023 Технологија

САД нуди милиони долари за решенија со вештачка интелигенција

Белата куќа во САД организира натпревар за сајбер-безбедност со вештачка интелигенција, чиј фонд ќе изнесува речиси 20 милиони долари. Како што се посочува во соопштението, овој натпревар има за цел да поттикне употреба на вештачка интелигенција во сајбер-безбедноста и во откривање и поправање на безбедносните пропусти во инфраструктурата на американската влада.

Предводен од Агенцијата за напредни истражувачки проекти за одбрана, овој натпревар ќе вклучи соработка со неколку врвни компании за вештачка интелигенција.

Планирано е натпреварот да трае дури две години. Тимовите ќе учествуваат во квалификации во пролетта 2024 година, по што до 20 тимови со најдобри резултати ќе бидат поканети да учествуваат во полуфинален натпревар.

Најдобрите пет екипи ќе добијат парични награди и ќе продолжат во финалната фаза на натпреварот, кој ќе се одржи во 2025. Трите најдобри натпреварувачи во финалниот натпревар ќе добијат дополнителни парични награди.

За потсетување, минатата година американски компании претставија голем број алатки со вештачка интелигенција како „Чет-ГПТ“, кои им овозможуваат на корисниците да креираат убедливи видеа, слики, текстови и компјутерски код. Сепак, експертите велат дека таквите алатки би можеле многу да го олеснат спроведувањето на кампањи за масовно хакирање или создавање лажни профили на социјалните мрежи за ширење лажни информации и пропаганда.

Извор: Zimo
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија