X
 30.11.2017 Технологија

На првиот робот-државјанин му е потребна вашата помош за да стане попаметен

sofija

Роботот Софија сака да ѝ помогнете да стане попаметна. Зафатениот бот неодамна доби државјанство од Саудиска Арабија, и сега таа е во центарот на кампања за покренување финансиски средства за зголемување на нејзината вештачка интелигенција.

„СингуларитиНЕТ“ е предложената компанија каде што вештачката интелигенција би можела да учи една од друга, користејќи ја нејзината соодветна база на податоци и специјализирани функционалности. Девелоперите на платформата ќе користат блокчејн-токени за да добијат пристап до базата на податоци, и да ги искористат аналитичките способности на вештачката интелигенција или, пак, да ја монетизираат сопствената вештачка интелигенција.

„Во моментов не постои платформа што овозможува ваков тип интероперабилност и координација. Лансирањето таква платформа ќе биде едно од најголемите откритија во еволуцијата на вештачката интелигенција“, вели Бен Гоерцел, извршен директор и основач на „СингуларитиНЕТ“.

Компанијата веќе работи со повеќе од 100 организации за вештачка интелигенција и со девелопери кои ќе обезбедат експертите да имаат пристап до платформата. Сега сакаат да му го понудат истиот пристап на останатиот свет преку токен-продажба, така што тие ја поставија и потребата да ѝ се помогне на Софија.

Според компанијата, Софија ќе биде еден од првите агенти на „СингуларитиНЕТ“. Ова ќе им овозможи на другите девелопери да ги искористат нејзините когнитивни услуги, истовремено овозможувајќи ѝ да ја искористи интелигенцијата на другите агенти на платформата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија