X
 13.04.2020 Забава

Приватни острови што може да ги купите

Оние што сонуваат да дадат отказ од работа и да живеат на приватен остров треба да знаат дека за некои луѓе тоа претставува реалност, а може да стане и за вас доколку ја имате потребната сума.

„Офишл еТА“, фирма за апликации за онлајн-виза, користела податоци од веб-страници за продажба на приватни острови за да направи анализа на над 550 острови што се на продажба низ светот. Потоа ја пресметала просечната цена за да се добијат најдостапните локации. Истражувањето покажува дека некои острови може да чинат помалку од една куќа во САД.


Фото: Pixabay  

Просечната цена на една куќа во САД изнесува околу 245.000 долари. Еден остров од нешто повеќе од 1 хектар во Нова Шкотска, Канада, чини 58.647 долари. Според истата анализа, најевтиниот континент за приватни острови е Јужна Америка, каде што просечната цена за еден акр (0,4 хектари) изнесува 1.147 долари.

Најевтината локација во Чиле чини 405 долари за еден акр, а приватните острови во Аргентина почнуваат од 867 долари за акр.

Островите во Океанија се поскапи и чинат просечно 18.537 долари за еден акр, додека во Северна Америка просечната цена е 23.516 долари за акр. Во Европа, просечната цена на приватните острови на продажба изнесува 68.000 долари за еден акр. Најскапо е да се купи приватен остров во Азија, каде што цените се над 313.765 долари за еден акр.

Најевтините острови по акр

1. Гуафо, Чиле - 405 долари за акр
2. Сералво, Мексико - 571 долар за акр
3. Езеро Гасперау, Нова Шкотска - 626 долари за акр
4. Итаранаха, Бразил - 799 долари за акр
5. Ла Систина, Аргентина - 867 долари за акр


Фото: Pixabay

Најевтините острови според нивната целосна цена

1. Раунд, Нова Шкотска - 58.647 долари за 2,7 акри (1,09 хектар)
2. Халф, Нова Шкотска - 59.024 долари за 6 акри (2,42 хектари)
3. Полуостров Мил Коув, Нова Шкотска - 67.730 долари за 1,68 акри (0,67 хектари)
4. Ла Корнелија, Никарагва - 90.000 долари за 1 акр (0,4 хектари)
5. Најоми, Њујорк - 99.000 долари за 5 акри (2,02 хектари)

Делови од острови на продажба

1. Хен, Онтарио, Канада - 25.700 долари за дел од остров од 7 акри (2,83 хектари)
2. Езеро Гасперау, Нова Шкотска - 37.593 долари за дел од остров од 60 акри (24,28 хектари)
3. Висинити Хенри Пај, Нова Шкотска - 61.696 долари за дел од остров од 5 акри (2,02 хектари)
4. Коламбус Лендинг, Бахами - 90.000 долари за дел од остров на островот Сан Салвадор
5. Форест Ленд до река Медвеј, Нова Шкотска - 71.493 долари за дел од остров од 77 акри (31,16 хектари)

Автор: Лаура Бегли Блум
Извор: Forbes.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава