X
 13.04.2023 Живот

ЈСП: Од утре до понеделник автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

Во пресрет на претстојните велигденски празници, возилата од јавниот превоз утре ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на автобусите на линиите 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. В сабота, недела и в понеделник автобусите на сите линии ќе сообраќаат по неделен возен ред, информираат денеска од ЈСП Скопје.

- Билетарниците и центрите за персонализација ќе работат единствено во сабота, а другите денови - петок, недела и понеделник, ќе бидат неработни за сите продажни места. Жичницата претстојниве празнични денови, од утре до понеделник, ќе работи вообичаено, од 10 до 18 часот. Нема да работи во вторник, 18 април - се појаснува во соопштението.

Како што се додава во соопштението, линиите 25 - Транспортен центар - Средно Водно, 25А - Автомакедонија - Средно Водно и 25Б - Дом на печат - Средно Водно, ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Извор: МИА
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот