X
 14.01.2023 Култура

Во Вухан ќе се гради една од најголемите библиотеки во Кина

Холандската архитектонска компанија МВРДВ претстави план за изградба на една од најголемите библиотеки во Кина. Таа ќе биде сместена во Вухан, а нејзиниот дизајн е инспириран од реките Хан и Јангцекјанг.

Библиотеката ќе зафаќа површина од 140.000 квадратни метри. Таа ќе има три големи стаклени ѕида кои ќе нудат поглед кон градот, паркот во близина и хотелот веднаш до библиотеката.


Фото: MVRDV

Библиотеката ќе има тераси чиј изглед е инспириран од линиите на кањон. Во библиотеката ќе има повеќе соби за читање и учење.


Фото: MVRDV

Паркот околу библиотеката ќе помогне во ладењето на самата зграда, додека на нејзиниот покрив ќе има соларни панели со кои ќе се произведува обновлива енергија.



Извор: Luxury launches
Насловна фотографија: MVRDV
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура