X
 14.01.2024 Здравје

Зошто Кинезите редовно пијат топла вода?

Во просек, човечкото тело се состои од 75 отсто вода, па не е ни чудо што оваа течност, од која е составена нашата планета и секое суштество на неа, е клучна за нашето здравје и виталност. Во нашата клима, ние консумираме ладна вода бидејќи чувствуваме дека таа нѐ лади, хидрира и освежува. Но, тоа не е така во сите култури. Кинезите, на пример, консумираат топла вода. И тоа не само во форма на чај.

За ваквата препорака кинеската медицина има јасно објаснување - за доброто функционирање на нашите органи придонесува течност која има слична или иста температура како и нашето тело. За надуеност? Во Кина препорачуваат топла вода. Слаба циркулација? Се препорачува топла вода. Ако сте настинати? Нема ништо подобро од топла вода. Се смрзнувате? Знаете што треба да направите - да пиете топла вода. Еве неколку причини зошто е добро да се воведе оваа кинеска навика.

Одлична детоксикација

Пиењето топла вода ја зголемува телесната температура, па телото се поти и ги исфрла нечистотиите, а во исто време телото се хидрира.

За побрз метаболизам

Ако пиете околу 2 чаши топла вода дневно, ќе го забрзате метаболизмот за околу 30 отсто, а ако додадете ѓумбир и лимон, според некои истражувања, ќе го забрзате топењето на масните наслаги.

Ги ублажува менструалните болки

Топлината ги опушта стомачните мускули и ја намалува болката предизвикана од грчевите во мускулите за време на менструацијата. Топлата вода може да помогне и при други видови болка, вклучувајќи главоболки, болки во телото и болки во стомакот.

Ја ублажува болката во грлото

Топлата вода помага да се смири воспаленото грло. Исцедениот свеж лимон во топла вода ќе го зајакне имунолошкиот систем и ќе помогне во борбата против настинките и грипот.

Ја храни косата и ја одржува младоста на кожата

Топлата вода помага во одржувањето на здравјето на косата, го поттикнува растот на косата и го спречува враќањето на првутот бидејќи го одржува скалпот хидриран и ја зголемува активноста на коренот на косата. Исто така, има стимулирачки ефект врз кожата бидејќи ги исфрла токсините од телото и ги регенерира клетките на кожата, додека хидратацијата ја зголемува нејзината еластичност.

Ја подобрува циркулацијата

Внесот на вода, која е на температура блиска до онаа на крвта во нашето тело, не ги стеснува крвните садови, туку ги прави попроточни за хранливи материи и кислород.

Извор: Green
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје