X
 14.04.2023 Живот

Прогласени градовите со најдобар јавен превоз во светот

Списанието „Тајм аут“ претстави листа со 19 града во светот што имаат најдобар јавен превоз. На врвот на листата се наоѓа Берлин, главниот град на Германија.

Листата била направена врз основа на анкети на локалните жители. Јавниот превоз во Берлин бил оценет како удобен и сигурен. Дури 97 отсто од жителите на Берлин што учествувале во истражувањето биле воодушевени од сообраќајната мрежа во Берлин. Берлинското метро нуди дури 175 станици на девет линии кои биле опишани како едноставни за навигирање. Освен тоа, во Берлин има и градско-приградски железнички систем кој ги поврзува предградијата со центарот.


Фото: Pixabay

На второто место на листата се наоѓа Прага, каде што 96 отсто од жителите сметаат дека градот е едноставен за обиколка со помош на јавниот превоз. На третото место се наоѓа Токио, за кој е наведено дека е лесен за навигирање, дури и за оние што не зборуваат јапонски јазик.

Во продолжение е листата:.

1. Берлин
2. Прага
3. Токио
4. Копенхаген
5. Стокхолм
6. Сингапур
 7. Хонгконг
8. Тајпеј
9. Шангај
10. Амстердам
11. Лондон
12. Мадрид
13. Единбург
14. Париз
15. Њујорк
16. Монтреал
17. Чикаго
18. Пекинг
19. Мумбај

Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот