X
 14.08.2018 Технологија

Како ќе изгледаат новите емотикони за парови

Во листата со предлози за надградба на „Емоџи 12.0“ што треба да се појави во текот на 2019 година свое место најдоа и 55 емотикони што прикажуваат различни комбинации од љубовни парови. Но некој недостига.

Застапени се русокосите и бринетите, но нема црвенокоси. Иако се ретка појава, од целата популација природно црвенокоси се само 1 до 2 отсто, но поради тоа не треба да бидат занемарени, нели?

Паровите на емотиконите се претставени во пет нијанси на боја на кожа и во два пола. Во план е објава и на родово неутрални емотикони. Но таков план не постои за емотиконите за црвенокосите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија