X
 30.01.2020 Технологија

Оваа алатка ги проучува вашите твитови и ви кажува која е најдобрата професија за вас

Академик Пол Мекарти прв почнал да создава мапа на карактеристиките на успешните програмери и тенисери врз основа на нивните споделувања, односно твитови на популарната социјална мрежа „Твитер“.

- За малку ќе паднев од столот кога ги видов резултатите - изјави овој австралиски професор и научник. Имено, тој ја користел компјутерската алатка „Еј-ај Тул.

- Мислев дека направив нешто погрешно бидејќи не можев да верувам дека сите овие луѓе имаат слични карактеристики - вели тој.

Неговото истражување покажало дека 200 најдобри светски тенисери, преку „Твитер“, истакнуваат слични карактеристики на личноста.

- Тие се изразено љубезни, екстровертни и упорни - вели тој и додава дека програмерите се целосна спротивност на тенисерите.

Користењето на оваа алатка не е новост, но професорот од Мелбурн отишол чекор понатаму и се запрашал дали алатката може да се користи за да се испитаат и други типови личноста врз основа на нивните „дигитални отпечатоци“, и дали тие одговараат на одредена професија. Мекартни истакнува дека проучувањето на „Твитер“ е различно од класичното истражување во кое учествуваат од 50 до стотина луѓе.

profil
Фото: Pixabay


Истражувањето беше објавено минатиот месец, а опфатило 128.000 твитер-профили. Алатката за мапирање на личноста, која бара околу 100 записи за себе или мисли за животот, може да обработува содржини од е-пораки или форуми. Сепак, истражувачите се фокусираа на „Твитер“. Профилите се „мерени“ во контекст на 5 главни карактеристики: љубезност, екстровертност, совршеност, невротичност и отвореност кон нови идеи.

Не е тешко да се претпостави дека сите тие се карактеризираат со свесност бидејќи животот на успешен тенисер вклучува напорна работа, откажување и посветеност. Сепак, највисока свесност, како што вели Мекарти, покажале адвокатите и политичарите, додека банкарите се на највисоко ниво на индексот за невротичност.

Научниците заклучиле дека со 70 отсто гаранција може да предвидат со што некој се занимава врз основа на твитови.

Ова би можело да им помогне на младите луѓе да ја изберат вистинската професија наместо да се водат од она што го сакаат нивните родители или она што „би требало“ да го студираат. Мекарти е во преговори со австралиската влада за да ја воведе оваа алатка за мапирање во училиштата и факултетите.

Алатката би работела на следниов принцип: студентите би пополнувале онлајн-прашалник или би одобриле пристап до нивниот твитер-профил или фејсбук-профил, а потоа аналитиката би го направила своето и би им предложила која кариера е идеална за нив.

Сепак, некои велат дека ова не мора да значи дека е 100 отсто веродостојно од неколку причини: најпрво, луѓето многу работи на социјалните мрежи ги поставуваат без намера, додека, од друга страна, не се сите во живо исти како што се претставуваат на социјалните мрежи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија