X
 14.10.2022 Живот

Саудиска Арабија бара менаџери за нов футуристички град, платата е милион долари годишно

Неом е проект на Саудиска Арабија и престолонаследникот Мохамед бин Салман. Во рамките на проектот државата ќе гради футуристички град кој ќе претставува архитектонско чудо, а во кој ќе бидат вложени 500 милијарди долари.

Градот треба да биде голем колку Белгија кога ќе биде завршен, а во него ќе може да живеат 9 милиони жители. Во овој град ќе има вертикални градини, зони со нулта емисии на јаглероден диоксид, а пливањето ќе биде начин на патување.

Земјата сега се обидува да најде раководители и менаџери за туризам и технологија за плата од дури 1,1 милион долари годишно. Се очекува платата да биде поголема доколку се земат предвид и бонусите и другите поволности.


Саудиска Арабија се обидува да привлече нови таленти. Веќе се ангажирани многу експерти од целиот свет, но отворени се уште работни места за менаџери на проекти, инженери итн.

Со проектот, целта е да се прошири економијата на државата, која е најголем извозник на нафта во светот.

Извор: Bonitet
Насловна фотографија: Neom
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот