X
 16.01.2015 Технологија

"Гугл" одбива да поправи недостаток кој е штетен за 60% од уредите на "Андроид"

Не е првпат телефоните на „Андроид“ да бидат во опасност поради проблем со прелистувачот и сличните апликации.



Овојпат, повторно, е најден проблем во контролниот дел од прелистувачот наречен „WebView“ кај „Андроид 4.3“ или постар. Поновите верзии користат „Blink“ наместо тоа и не се заразени.

Но, според сопствените броеви на „Гугл“, 60% од корисниците на „Андроид“ користат 4.3 или помалку. Поради тоа, ова е голем проблем. Нормалната процедура би била известување на компанијата за проблемот и негово решавање.

Но, како што пишува Тод Бирдли од „Метасплоит“, тоа не е она што се случило овојпат. Тимот на „Андроид“ бил известен за проблемот, а одговорот бил:

„Доколку загрозената верзија е под 4.4, ние не ги решаваме проблемите, но добредојдени се додатоци од секоја страна. Не можеме да преземеме акција за било каков извештај кој вклучува загрозување верзии постари од 4.4.“

Згора на тоа, „Гугл“ не понуди информации за соочување со проблемите кои се поправени. Токму затоа, создавањето софтвер кој ќе го реши проблемот е само првиот чекор. Но, без нивно преземање на првиот чекор, сè останато е невозможно.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија