X
 10.03.2015 Култура

Најмоќните говори на Оскарите

Оскарите отсекогаш биле полни со политичка контроверзност и емоционални превирања.

 

oskari


Ви се допаѓало или не, добитниците на Оскар своето време на сцената го користат за од гледачите да побараат некаква промена или за да ги искажат нивните политички ставови.

Ви ги претставуваме најконтроверзните, емоционални и незаборавни Оскаровски говори на сите времиња.

 
1. Марлон Брандо - Марлон Брандо го одбил Оскарот кој го доби за улогата на Вито Корлеоне во филмот „The Godfather“ во 1973 година. Наместо него, на сцената се појави Сачин Литлфедер објаснувајќи зошто Брандо ја одбива наградата.



2. Сали Филд - Филд ја покажува нејзината вистинска човечка ранливост во нејзиниот познат говор после примањето на Оскарот за главна женска улога во „Places in the heart“.

 



3. Чарли Чаплин - Чаплин ја добива почесната работа за неговата пионерска работа во филмот, особено поради неговиот портрет на неволниот деспот во „The great dictator“.

 




4. Октавија Спенсер - Октавија прекрасно ја искажува нејзината благодарност после добивањето на Оскар за улогата како Мини Џексон во „The help“.

 



5. Том Хенкс - Говорот на Хенкс после добиениот Оскар за најдобра машка улога во „Philadelphia“, и ги споменува неговите двајца починати ментори, кои биле хомосексуалци.

 



6. Мајкл Мур - Мајкл Мур „удира“ против она што тој го нарекува „фиктивен претседател“ и „фиктивна војна“ во овој контроверзен говор после добиениот Оскар за филмот „Bowling For Columbine“.

 

 

7. Џон Леџенд и Комон - Страствениот говор на двајцата музичари после Оскарот за најдобра оригинална песна во којшто зборуваат за расите, масовното затворање и правдата.

 



8. Ванеса Редгрејв - Во овој шокантен говор, Ванеса зборува против насилството во Палестина после нејзината победа во „Julia“, филм за две Еврејки кои се борат против нацистичка Германија. 

 

 

9. Патриша Аркет - Патриша во текот на нејзиниот говор зборува за еднаквите права на жените, осудувајќи ја разликата во платите во Холивуд меѓу мажите и жените.

 

 

10. Дастин Ленс Блек - Блек ги уверува неговите сограѓани хомосексуалци дека и тие ќе имаат еднакви прави, после добивањето на Оскар за најдобро оригинално сценарио на филмот „Milk“.

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура