X
 23.03.2015 Образование

Анти-Корупција - Почнува со тебе!

Анти – Корупција - Почнува со тебе!
(Anti – Corruption – It starts with YOUth! )


Дали некогаш сте биле сведок на револуционерна идеја која се реализира нa глобално ниво? Дали сте виделе како една заедничка цел успева да собeре над 100 млади луѓе, коишто заедно сонуваат да го направat светот подобро место за живеење? Ако не сте го виделе тоа до сега, ниту пак сте го доживеале, сега е вистинското време да бидете дел од позитивната промена која се вика Anti-corruption International.


  

Anti Corruption International (ACI) е непрофитна и невладина организација, создадена од страна на студентите. Главната цел на ACI е да ги собере младите од целиот свет со цел да се подигне свеста за прашањата поврзани со корупцијата и да се развијат идеи и начини со кои можеме заедно истата да ја победиме. Иако корупцијата е насекаде - во универзитетите, болниците, судовите, јавниoт превоз итн. луѓето се уште се плашат да ги споделат своите приказни и да ја бараат правдата. Тие гo наведуваат стравот како главна пречка во изложување на корупцијата, а владатa ja обвинуваат зa недостаток на механизми и законодавство за борба против овој глобален феномен. Затоа, ACI за цел има да ги испита коруптивните практики и да обезбеди поддршка и информации за студентите и младите луѓе од целиот свет да се изборат со корупцијата. ACI исто така претставува платформа каде што младите луѓе ќе може да ги споделат своите приказни, искуства и проблеми со корупцијата. Со цел да се подигне свеста за негативните ефекти на корупцијата, ACI ќе ги едуцира луѓето за деструктивното влијание на корупцијата врз човековиот напредок и развој. Уникатноста на Anti Corruption International е дека нејзините активисти доаѓаат од сите делови на светот, вклучувајќи ја и Македонија. ACI има за цел да ги охрабри и да спроведе истражување за распространетоста, ефектoт и за причините за појавување на корупцијата во целиот свет со цел да им помогне на владините механизми за спречување на корупцијата во сите сектори. Со цел општеството да го слушне гласот на младите, ACI планира да соработува со националните и локалните, како и регионалните и меѓународните организации.

На 20 март 2015, Anti Corruption International започна да се бори против корупцијата со официјалното отварање на платформата. Што чекаш? Приклучи се во глобалната борба против корупцијата токму сега и стани активен член од Македонија на семејството кое секојдневно се зголемува! ACI започнува со младитe и сега e вистинското време да се делува. Промените не можат да станат реалност без ваша помош! Се што е потребно е да поседувате силна волја и страст да се борите против корупцијата. Еден начин на кој секој од вас може да придонесе во ACI е преку споделување на вашата приказна за корупција.

Постојат неколку начини за да се поврзеш со ACI и да бидeш во тек со нашите вести и тековни активности :

ACI веб сајт: http://anticorruption-intl.org/
ACI Фејсбук страница : https://www.facebook.com/pages/Anti-Corruption-International/827476593980853ACI
Twitter профил (Anticorruption International):


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование